5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Зекири на ТВ 24: Сакаме избори со опозиција, имаме рок за договор до сабота

„Лидерот на СДСМ се консултира со органите на партијата за да најдеме начин за сите прашања. Сакаме да одиме на избори што побрзо и сакаме на изборите да учевствува и опозицијата. Очекувам дека наскоро ќе имаме датум за избори. СДСМ нема отстапено од своите почетни позиции и имаме време до сабота. Кога ќе се укине вонредната состојба, ќе почне да течат роковите од 22 дена за одржување на избори, но еве имаме време до сабота да постигнеме договор за заеднички датум. Нашата позиција е јасна, сакаме избори во првиот можен рок.“- изјави Мухамед Зекири, потпретседател на СДСМ на телевизија 24.

Тој потсети на политичката реалност во која ВМРО ДПМНЕ постојано повикува на избори, а никако не сака да се закажат.

„СДСМ предложи избори во декември, ВМРО ДПМНЕ не сакаше, па после закажавме во април. Но се соочивме со корона вирусот, а сега сме држава без институции, немаме парламент, и што е интересот на ВМРО ДПМНЕ? Зошто ВМРО ДПМНЕ не сакаше да се вратат пратениците во парламентот? Затоа кога ќе заврши вонредната состојба, ќе започнат да течат роковите. ВМРО ДПМНЕ погрешно ја толкува владината уредба со која се запираат изборните дејствија и лажно тврди дека немало рокови, а вистината е дека во даден момент изборите беа прекинати и ќе мора да продолжат.“- дополни Зекири.