24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk/архива
ЛОКАЛНОИЗБОР

Јавниот превоз во Скопје од денеска ќе функционира до 24 часот

Поради укинувањето на полицискиот час, јавниот превоз во Скопје од денеска ќе функционира вообичаено, односно без временско ограничување, од 5 до 24 часот, во зависност од линијата. Автобусите ќе сообраќаат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 часот, кои ќе возат по редуциран делничен возен ред.

Возниот ред е достапен на веб-страницата на ЈСП.

Од 6 до 19.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар, во ГТЦ, кај „Пошта“, во Аеродром, Ѓорче Петров, Ново Лисиче, Буњаковец, билетарниците на Зелен пазар, кај пазарот во Бутел, во Маџари, Кисела Вода, Драчево, како и билетарниците кај ЈСП дирекција, во населбата Даме Груев, во Сарај, кај Дом на печатот и во Карпош 4.

Во истиот период ќе работат и центрите за персонализација во Автокоманда (кај Шумарскиот факултет), Аеродром, Карпош 2, на Бит-пазар и на Транспортен центар (автобусот).

Од 6 до 13 часот ќе работат билетарниците кај старото кино во Бутел, Лисиче, Радишани и во Железара. Во истиот период ќе бидат отворени центрите за персонализација во Влае и во просториите на „ЈСП турс“ (Градски ѕид).

И натаму не важат бесплатните средношколски билети, како и бесплатниот превоз за возрасни лица (жени со 62 години, мажи со 64 години) во вторник, петок, сабота и в недела.

И натаму укинати се трите автобуски линии (25, 25А и 25Б), што сообраќаат до Средно Водно, туристичката линија „Сити тур“, а не работи и жичницата.