Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е на второто место по вкупниот број заразени на милион жители во регионот

Македонија е на второто место и по вкупниот број заразени на милион жители во регионот, но и по бројот на активни случаи на 1 милион жители, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозоциската партија оценува дека Владата доживеала фијаско во справувањето со пандемијата, а статистичките показатели се поразителни.

„Речиси 2 илјади граѓани се заболени од почетокот на кризата, a 113 наши сограѓани ја загубија борбата со вирусот, голем дел на патот кон болница. Некои од нив немаа шанса навреме да се тестираат. Додека Владата на СДСМ се фали со успесите во справувањето со пандемијата, во последните 5 дена Македонија има најголем број новозаразени на 1 милион жители. Македонија е на второто место и по вкупниот број заразени на милион жители во регионот, но и по бројот на активни случаи на 1 милион жители. Македонија е прва со црната статистика со најголем број починати на 1 милион жители во регионот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Оттука, додаваат дека додека македонските граѓани живеат со последиците од неспособноста на власта во справувањето со коронавирусот, Заев агитира за брзи избори иако тоа го загрозува здравјето на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

46 годишна жена нападната од 38 годишна скопјанка – причината банална: недоразбирање во сообраќајот

ДЕСК

Тежок инцидент пред угостителски објект во Скопје: Рането 16 годишно дете

ДЕСК

ДОАЃА МНОГУ ДОЖД ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАЃААТ: Синоптичарите со нови најави за почетокот на следната седмица

ДЕСК