Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Се отвораат рестораните и кафитериите, но ќе мора да се почитува ова нешто

До четири лица на една маса, не мора да се од исто семејство, но на определена оддалеченост меѓу две маси или пак со граничник од плексиглас или стакло.

Под посебни хигиенски услови, на отворени простори односно летни тераси, конечно, веќе од четврток, по неколку одложувања почнува олабавувањето на рестриктивните мерки за угостителскиот сектор дознава Centar.mk.

Ќе може да се служат храна и пијалоци, кои ќе бидат дезинфицирани пред да бидат послужени на гостите. Можно е да биде наложено да се користат и чаши, лажички, садови за еднократна употреба.

Се размислува и за наплата само со платежни картички.

Работното време на кафе баровите и рестораните за почеток би било до 18 часот, за почеток, но со текот на фазното олабавување сето ова да се нормализира.

Наскоро е можно отворање и на казината кои се во поспецифична ситуација бидејќи се во затворен простор, Centar.mk дознава, дека меѓу секој апарат ќе биде поставен плексиглас граничник и дека редовно ќе се врши дезинфекција на слот машините.

Владата истовремено се очекува да определи насоки и за угостителските објекти на плажите на Преспанското, Охридското и Дојранското крајбрежје.

Истовремено останува обврската граѓаните да носат заштитни маски во секој затворен објект и на отворено каде што не може да се обезбеди доволна оддалеченост меѓу граѓаните, како на пример на зелените пазари и тн.

Можеби ќе ве интересира

РКЕ ПРЕД ОДЛУКА, СЕ ГОТВАТ НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Ќе има ли корекција на цените на бензинот и дизелот?

ДЕСК

Барел нафта повторно премина 112 долари

ДЕСК

Клучен енергетски објект во срцето на Скопје: ЕВН Македонија ја активира новата стратешка трафостаница „Централна“

ДЕСК