Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Манчевски во „Детектор“: Цела пандемија ги почитуваме лекарските препораки, така ќе биде и за изборите

„Сите одлуки во врска со пандемијата се носеа согласно препораките на лекарите. Никогаш не се спротивставивме на предлозите на здравството. Кога и да се изборите, важно е како ќе ги спроведеме, како ќе се организираме. Но, секако нема да одиме против лекарските препораки. И не само за изборите, ние мораме да се враќаме полека на работа, да отвориме угостителски објекти според протоколи, едноставно мораме да ги почитуваме препораките на Комисијата за заразни болести и за нашето однесување во иднина, но и за изборите.“-изјави потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски во емисијата „Детектор“ на телевизија Сител зборувајќи за тоа дека Владата во изминатиот период постојано е во консултации со експертите, а така и ќе продолжи.

Тој напомена дека ВМРО ДПМНЕ не слуша што зборува цел свет додека сите велат дека мораме да живееме со вирусот. Според него важно е како да се натераат граѓаните да ги почитуваат мерките за да не се шири вирусот.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК

Спремете куси ракави: Синоптичарите најавуваат температури до 25°C

ДЕСК