Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Важно соопштение на УЈП: Останаа уште 10 дена за проверка, потврдување и корегирање на годишната пријава

Соопштение на Управата за Јавни Приходи:

Почитувани граѓани на 31.05.2020 година истекува рокот за потврдување или коригирање на Вашата Годишна даночна пријава.

По истекот на законскиот рок на 01.06.2020 година Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана. На 01.06.2020 година службено ќе бидат потврдени и Годишните даночни пријави коишто од страна на граѓаните не се ниту потврдени ниту коригирани. Годишната даночна пријава којашто граѓанинот ја коригирал, а добила статус на конечна даночна пријава ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава ќе се донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2019 година.

Воедно, апелираме до граѓаните кои оствариле приходи, а сеуште не се регистрирале на системот е-Персонален данок, истото да го сторат во најкраток можен рок имајќи ги предвид бројните придобивки на користењето на системот, меѓу нив и заштедата на време коешто досега даночните обврзници го губеа чекајќи во долги редици пред шалтерите и во даночните канцеларии на Управата за јавни приходи.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје одбележа две години од „Иноваториум“ – едукативен центар за развој на дигитални и инженерски вештини кај младите

ДЕСК

ПАДНА ОДЛУКА ЗА НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Еве што одлучи РКЕ

ДЕСК

„Рајанер“: Цените на билетите летово ќе останат на ланското ниво

C +