Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Бегање од изборите нема – Изборите се на 21 јуни

Согласно завршувањето на вонредната состојба, изборите се на 21-ви јуни, соопшти Зоран Заев, лидер на СДСМ.

Заев вели дека Мицкоски претходно во неговото обраќање не кажал дали ќе се свика парламентот и дали тие ќе си заминат од техничката влада, која патем е составена за избори.

Сите имаме поднесено кандидатски листи, листите се одобрени од ДИК, дури и ждребувањето е завршено. Изборите се закажани, прашањето е дали се има желба да се излезе на избори, рече Заев.

Очекувам да се подготват сите за изборите. На Македонските граѓани им требаат стсабилни институции. На граѓаните им треба функционално собрание и политичка влада со полн легитимитет на граѓаните. И ние имаме обврска тоа да го обезбедиме. НИе нема да дозволиме никој па ни Мицкоски да го загрозува нивното здравје, економија. Џабе е бегањето на Мицкоски. Бегање нема, избори ќе има, порача Заев.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО СЕ ВЛОШУВА: По сончев викенд следуваат дожд и невреме

ДЕСК

Важна вест за возачите кои ќе возат на патот Плетвар – Прилеп

ДЕСК

ЗНМ: По истекот на рокот за избор во МРТ, јавноста очекува кредибилен и целосно транспарентен процес

ДЕСК