Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Нови детали: Мажот најден кај Матка бил ликвидиран со куршум во глава

Со куршум во глава бил застрелан мажот чие тело пред три дена беше најдено закопано под карпа над селото Горно Матка, објави Телма.

Од истрагата за Телма потврдија дека станува збор за насилна смрт, убиство и дека починатиот имал повреда од огнено оружје на главата. Убиениот се уште не е идентификуван, а се врши и ДНК анализа кој треба да помогне во откривање на идентитетот на жртвата.

Полицијата првично ја споредила и облеката која ја носел убиениот со пријавите за исчезнати лица, но засега нема поколопување на податоците. Истрагата продолжува.

Телото на ликвидираниот маж беше закопано на пусто место познато како излетничка локација. Убиениот бил закопан, но диви животни го ископале горниот дел од главата што е откриено при полициско патролирање во тој реон.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК