23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Нема договор на лидерската средба: Сите се за избори до крајот на јуни, само ВМРО ДПМНЕ бара избори во август или септември кога се очекува втор бран на коронавирус

Сите се за избори пред јули, само ВМРО ДПМНЕ бараат избори на крајот на август или почетокот на септември. Септември е приод за кој највисоките светски здравствени институции се споменува како можен за нов бран од коронавирус.

СДСМ предложиле изборите да бидат на 21-ви или 28-ми јуни. ДУИ не прифаќа избори по јули или пред октомври.

Дали ова значи дека изборите би можеле да се оддржат по редовен терк во декември, засега е непознато или пак со тоа што се исцрпуваат оправдувањата на ВМРО ДПМНЕ за нивниот потег, сепак да има избори на 28-ми јуни каде би биле избрани пратеници со нов чист четиригодишен мандат.

Според аналитичарите ако ВМРО ДПМНЕ продолжува да избегнува избори, веќе станува безвредно и неоправдано оддржувањето на техничката влада, а со тоа ствара потребата од враќање на политичка влада, која ќе може да ги влече потезите без уцени од страна на опозицијата.

За ова е потребно повторно свикување на Собранието и формирање на нова политичка Влада, барање кое беше поддржано од СДСМ и коалицијата.

Интересно е што сопки за избори се прават само во Македонија. Пример во Србија, избори ќе има на 21-ви јуни, а денеска беше распуштено и хрватското собрание, при што избори ќе има во периодот меѓу 21-ви јуни и 12-ти јули.

Избори ќе има и во повеќе земји од регионот и Европа.