Centar.mk
МЕТЕОТОП ВЕСТИ

До вторник суво и топло време со температури до 34 степени

Времето денеска ќе биде умерено облачно и многу топло. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде умерено облачно и многу топло. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 32 степена.

Под влијание на многу топла воздушна маса до вторник дневните температури ќе се задржат над просекот за овој период на годината, со тенденција на благо намалување. Од понеделник во попладневните часови ќе има дестабилизација на атмосферата со локален пороен дожд и грмежи, а од среда и дневната температура осетно ќе се намали.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА ПРЕД СИЛЕН ЗИМСКИ БРАН – Снег за викендот, од вторник температури до -14 степени

ДЕСК

ОХРИД СО НАЈМНОГУ ДОЖД ПОПЛАДНЕВО – Пристигнаа новите мерења

ДЕСК

ЗИМАТА ВЛЕГУВА НА ГОЛЕМА ВРАТА – Во вторник температури до минус 14 степени

ДЕСК