10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Сончево и многу топло, со температури до 32 степена

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а по должина на Повардарјето и засилен ветер, претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 28 до 33 степени. УВ=8

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Под влијание на многу топла воздушна маса во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со максимални температури што се над просекот за овој период. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на неделава во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Спонзорирано: