Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Костадинов на ТВ 21: Избори после вонредната, со препорака на лекарите

„По пандемијата, во првиот можен рок да се оди на избори. Нашиот став е многу јасен, а тоа е веднаш по завршување на вонредната состојба. Очекувам да се најде решение. Анкетите покажуваат дека водиме, но ако анкетите на ВМРО ДПМНЕ покажуваат дека тие се во водство, ајде да се сретнеме на демократски избори. Ни треба нова, одговорна влада, која ќе се грижи за државата и ќе носи легитимни одлуки“ – изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ во емисијата „Клик плус“ на телевизија 21.

Според него на избори ќе се оди само со позитивна препорака на здравствените работници.

„Не сакаме да оставаме хаос позади нас, по примерот на Чулев во МВР или како што заменикот за финансии од ВМРО ДПМНЕ попречува реализација на проект, вреден милиони евра, и со тоа им наштетува директно на граѓаните. Од она што го сугерираат експертите, пандемијата има линија на опаѓање, затоа можеме да одиме на избори. Примери ни се Србија и Хрватска, кои имаат избори во јуни. Се надевам политичките лидери ќе донесат одлука за датум за избори“- изјави Костадинов. 

Можеби ќе ве интересира

Муцунски и Сијарто: Динамична соработка и силна унгарска поддршка за ЕУ-интеграциите

C +

Силен циклон пристигнува утре – локално над 40 литри дожд! Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поранешниот министер најави тужби: „Ми го валкаат името со измислици и лажни тврдења“

C +
error: Соддржината е заштитена.