25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Заев: Имаме предност од 6 отсто пред ВМРО-ДПМНЕ, високиот рејтинг се должи на добрите економски мерки и политики

Претседателот Заев: Имаме предност од 6 отсто пред ВМРО-ДПМНЕ, високиот рејтинг се должи на добрите економски мерки и политики

„Аналитичарите од СДСМ правеа анкета преку релевантна агенција и јас не би коментирал поконкретно околу резултатите. Имаме шест отсто предност, а ако има анкета со предност на ВМРО ДПМНЕ тогаш тие би требало да сакаат избори“- посочи претседателот на СДСМ Зоран Заев на телевизија Телма.

Високиот рејтинг на СДСМ, додаде тој, се должи на исправните економски мерки.

„Лично верувам дека мојата политичка опција заедно со граѓаните, тоа што го нудиме, и како кадар, и како политика, дека ќе имаме нов мандат. Очекувам да порасне нашиот рејтинг до есен и да имаме предност и осум проценти, затоа што имаме солидни економски мерки. Имаме доволно пари, имавме голем пораст на БДП. Тврдам дека ќе бидеме економија за најмалку последици од пандемијата. Затоа и имавме рестриктивни мерки, за да спречиме ширење на вирусот“- изјави Заев.

Тој објасни дека СДСМ ќе практикува нов метод на изборна кампања.

„Граѓаните не познаваат, но сепак е важна кампањата, програмата и кадрите кои ќе се понудат. Нема да можеме класични митинзи секако, но може мали собири, со граѓани на дистанца, еве имаме пример во Германија, како граѓаните беа на собир со дистанца. Ние ќе користиме видео стриминг од нашите простории со носителите на листите. Така ќе ја преставиме програмата пред гласачите и секој ќе може тоа да го следи. Настапи ќе имаат и другите кандидати. Имаме алтаки кои ќе ги користиме. Можеме и со принципот од врата на врата“- рече Заев на Телма.