Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Приведени 19 лица за време на полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие на ниво на целата држава 31 лице не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 19 лица, а за останатите се земени податоци за што ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така по однос на мерката за задолжително носење заштитна опрема т.е. заштитни маски евидентирани се 17 лица кои што ја прекршиле оваа мерка. На територијата на државата за изминативе 24 часа на 18 лица им се издадени решенија за изолација, а 66 лица потпишале изјави за самоизолација. Од извршените контроли од страна на полициските службеници не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК