Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги информира сите фармери дека денеска е исплатена финансиската поддршка за задржано женско јагне и јаре.
Сатнува збор за исплата на средства од мерките 2.8 финансиска поддршка за задржано женско јагне и мерката 2.10 финансиска поддршка за задржано женско јаре по Програма за финансиска поддршка во земјоделството 2019.
Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, појаснува дека на сметките на 3.179 сточари кои имаат задржано женско јагне, исплати 78.058. 400,00 денари а за 1.766 сточари со задржано женско јаре исплатени се 10.516. 100,00 денари. Вкупно за двете мерки а по Програма за 2019 година за сточарите со задржано женско јаре и јагне исплатени се близу 88,6 милиони денари.
Бабовски, појаснува дека со оваа мерка директно се влијае на окрупнување на стадата како и на зголемување на производство на млеко.
Праксата за навремена и неселективна исплата на субвенциите продолжува. Парите за земјоделски субвенции се исплаќаат во период кога на земјоделците и на сточарите средствата им се најпотребни, односно, пред почеток на новата реколта или ново рефинансирање на средствата за окрупнување или обнова на стадата.