Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Автобусот се запалил поради краток спој на електричната инсталација

Aвтобусот што утринава се запали на терминалот Транспортен центар е приватен автобус, сопственост на „Слобода превоз“, кој сообраќал на линија 45.На терен веднаш интервенирала Бригадата за противпожарна заштита, а увид направи и екипа на МВР.

Од ЈСП иформираат дека за среќа, нема повредени патници, ни околни минувачи, причинета е само материјална штета на возилото.

„Увид направи и Внатрешна контрола на ЈСП.
Според изјавата на возачот, неколку минути пред 8 часот, тој се подготвувал да се вклучи на линија.
Го запалил возилото, по што забележал чадење. Со противпожарен апарат се обидел да го изгаси огинот, но, тој за брзо време почнал да се шири. Во меѓувреме на терен пристигнала и екипа на Бригадата за противпожарна заштита, која спречила пожарот да ескалира.Според првичните сознанија, причина за пожарот е краток спој на електричната инсталација на автобусот“, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК