24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

ВМРО ДПМНЕ лаже за Венецијанската комисија за да нема избори

ВМРО ДПМНЕ ја користи секоја прилика и преку креирање лажни вести се обидува да изнуди одложување на парламентарните избори. Последен нивен спин е погрешното толкување на ставот на Венецијанската комисија околу ситуација со вонредна состојба и одржување избори.

Имено, ВМРО ДПМНЕ во јавноста, преку партиските медиуми, пласира информација според која Венецијанската комисија наводно препорачала дека е неопходно да поминат 60 дена од завршување на вонредна состојба до одржување на избори. Но, тоа не е точно. Извештајот на Комисијата започнува со реченицата „Не постои формално правило во меѓународното право кое ќе им забрани на државите да одржуваат избори или референдум дури и за време на вонредна состојба.” Но, овој дел ВМРО ДПМНЕ намерно го изоставува од своите коментари на темата.

Понатаму, извештајот реферира на различни уставни и законски примери од државите за чии законодавста Венецијанската комисија давала мислење, меѓу кои е и Уставот на Грузија. Тој Устав предвидува дека после воена или вонредна состојба нема да се спроведуваат избори пред истек на 60 дена. Но, ВМРО ДПМНЕ знае дека таков е само грузискиот устав.

Нашиот Устав е поинаков и определува дека избори не може да има само за време на вонредна или воена состојба, односно дека за време на воена или вонредна состојба се продолжуваат мандатите на пратениците и на претседателот на државата. Ова воопшто не значи дека постои рок од 60 дена кои треба да поминат од крајот на вонредната до денот на изборите. Тогаш зошто Христијан Мицкоски одново ја лаже македонската јавност? Зошто би дезинформирал со нешто што не постои освен ако не сака да ги одложи изборите? Друго објаснување нема.

Исплашените од избори, ВМРО ДПМНЕ, треба да знаат, ако воопшто не знаат, дека за нас задолжително дејство има нашиот Устав, а не тој од Грузија. Мицкоски се прави слеп кога го чита извештајот во кој пишува дека тој е компилација од извадоци на извештаи и студии кои се однесуваат на вонредна или воена состојба. Сите извадоци кои се цитираат во извештајот се однесуваат на поединечни држави и ја имаат предвид тамошната ситуација. Тие цитати на кои се повикува ВМРО ДПМНЕ не се нужно применливи во другите земји. Но, мицкоски си најде нов изговор како да ескивира од избори и да ја држи државата во заложништво.

Дополнително, во Северна Македонија воопшто не се потребни 60 дена по завршување на вонредната состојба. Кандидатските листи на партиите се предадени во Државната изборна комисија која пак беше започната со активности околу изборите. Кај нас се доволни три седмици за кампања и евентуално уште недела до две претходно за ДИК да ги досреди процедуралните неопходности. Затоа, ако вонредната состојба заврши на 16-ти мај, тогаш до последниот викенд на јуни ќе има поколу 40 дена, период во кој може да се организираат избори, секако доколку стивне пандемијата со вирусот.