9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

УЈП со многу важна информација за граѓаните – Рокот е до 30-ти мај, проверете си ги корисничките профили – стигна годишната пресметка

Управата за јавни приходи ги подготви и до граѓаните ги достави Годишните даночни пријави за 2019 година. Ги повикуваме регистрираните корисници на системот „е-Персонален данок“ да извршат увид во Годишната даночна пријава за 2019 година преку своите кориснички профили.

Граѓаните може да ја потврдат или коригираат Годишната даночна пријава за 2019 година, најдоцна до истекот на крајниот рок 31.05.2020 година.

По истекот на законскиот рок на 01.06.2020 година, Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана, а службено ќе бидат потврдени и оние Годишните даночни пријави, кои од страна на физичко лице не се ниту потврдени, ниту коригирани.

Годишната даночна пријава за 2019 година која граѓанинот ја коригирал, а добила статус на конечна даночна пријава, ќе биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи.

Доколку службеното лице не ја одобри пријавата ќе следи донесување на Решение за утврдување на данокот на доход за 2019 година.

Можеби ќе ве интересира

Уште еден голем бренд влегува на македонскиот пазар: Pepco, наскоро ги отвора своите продавници во Скопје

ДЕСК

Познато е кога следува новото покачување на пензиите и минималната плата

ДЕСК

Курсна листа за 8-ми октомври 2025

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.