22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Анализа: Рејтингот на Заев порасна до небо – Грујовистичкиот режим призна дека се’ уште снима, а ПР стретезите на опозицијата направија огромна грешка

Откако на режимските медиуми финансирани со сомнителни средства на фирми од Македонија, Унгарија, Русија…, но и државни институции и фирми кои се уште се под нивна контрола, се појавија аудио снимки на кои се слуша како лидерот на СДСМ, Зоран Заев за најконтраверзиниот бизнисмен осомничен за криминални активности вели дека  ќе му – “мамата мамина”, не само што му го дигнаа рејтингот до небо, туку и по грешка опозиционерите си признаа дека се уште снимаат кај ќе стигнат.

Муабетите дека опозиционери се уште шетаат со вклучени мобилни телефони на снимање и тие снимки ги чуваат за црни денови, се обвистинија. Вицовите дека да превртите вмровец наопаку ќе испаднат цд-иња и усб-иња со прислушкувани разговори на свои пријатели полека се покажуваат како точни.

Рејтингот на Заев за еден ден го вивнаа до небо

За само неколку часа рејтингот на Зоран Заев, лидер на СДСМ на социјалните мрежи е видно пораснат, откако се објавени разговори за еден од најконраверзните бизнисмени во Македонија, кој патем финансира и дел од тие медиуми кои ги објавија нелегално снимените разговори, вели море “мамето мамино”.

Многу од граѓаните всушност го делат мислењето на Зоран Заев, за таквите бизнисмени кои почнаа со сомнителни бизниси во деведесетите и се оддржаа на пазарот менувајќи партиски дресови.

Заев со саркастичен коментар – Толку е добро за СДСМ, што сигурно го објавиле некој од нашите

– После внимателно и детално размислување за тоа кој би бил мотивиран да ги пушти овие разговори во јавност, конечно сфатив. Јасно е. Мора да е или Ацко Поповски, шефот на ПР на СДСМ или Марјан Забрчанец, шефот на ПР на Владата. Мора да е некој од нив двајца. Нема кој друг да е мотивиран да пушти вакви разговори во јавност. Тие се задолжени и тие најмногу работат за афирмација на нашите политики и ставови.;, напиша лидерот на СДСM, Зоран Заев, во својот саркастичен статус, во кој наведува дека всушност ваква добра ПР реклама можела да дојде само од сопствените редови.

/ЈС/