Ако сакате да уживате во омилените италијански вкусови без грижа на совеста – оваа пица е полн погодок.
Тајната е во карфиолот! Односно во крцкавата кора и „тестото“ во кое нема ниту грам брашно туку само свеж изрендан карфиол.
Состојки:
- 1/2 карфиол со просечна големина
- 1 јајце
- моцарела ситно сечкана
- 2 лажици рендан пармезан
- 1 лажица морска сол
- малку црн пипер
Додатоци:
- малку сос од домати
- 2 раце шери домати пресечени на половина
- 2 чешниња лук, исечкани
- малку црвена пипер
- листови свеж босилек
- оригано
Начин на подготовка:
Изрендајте карфиол (треба да добиете барем две шолји со средна големина), потоа преместете го во длабок сад и ставете во микробранова малку да омекне, на 7-8 минути, на средна јачина. Оставете малку да се излади и вклучете ја рерната на 220 степени.
За тоа време ставете јајце, додајте сол, бибер, половина од моцарелата и пармезан. Сè добро измешајтеи од тоа направете подлога за пица. Можете да ја печете на обичен плех обложен со хартија за печење.
Печете 10 до 15 минути додека не позлати, а потоа извадете ја од плехот за да ги ставите останатите намирници на пицата, освен босилек.
Печете уште 10 минути, а потоа ставете листови босилек, за пицата да изгледа уште посвежо и посочно.
Добар апетит!