Centar.mk
БИЗНИСТЕМА

Драстичен скок на цената на нафтата

Цената на нафтата од марката Брент, за испораки во јули, на Лондонската берза денеска порасна за 11.88 проценти и сега чини 30.43 долари за барел.

Последен пат кога цената на нафата од оваа марка чинеше повеќе од 30 долари беше на 1 април 2020 година.

Претходно, се објавија извештаи дека цените на нафтата може да се зголемат бидејќи постои надеж за обнова на побарувачката.

Да потсетиме дека марката Брент се користи како репер за утврдување на највисоките цени на нафтени деривати и во Македонија, што значи дека реално е да се очекува поскапување на горивата.

Можеби ќе ве интересира

ЕСМ НАБАВУВА СТРУЈА ЗА РЕЧИСИ 17 МИЛИОНИ ЕВРА – Прифатени понуди од осум домашни снабдувачи

ДЕСК

КОЛКУ ЌЕ ВРЕДАТ ЕВРОТО И ДОЛАРОТ ОД ПОЛНОЌ? – Народната банка ја објави курсната листа за 25 ноември

ДЕСК

БУЏЕТОТ ЗА 2027 ГОДИНА ПРЕД НОВА РАСПРАВА – Поднесени 400 амандмани, дефицитот планиран на 3,5 проценти

ДЕСК