18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев на ТВ24: Изборите треба да се одржат во првиот возможен момент, пред можен нов бран на вирусот, тоа е одговорно пред граѓаните и државата

Нема поважен приоритет од здравјето на граѓаните. Нашиот став е дека изборите треба да се одржат во првиот можен момент откако ќе ја совладаме епидемијата. Затоа што никој не може да каже кога ќе се јават наредни бранови на коронавирусот. Светот дискутира за тоа, епидемиолозите дискутираат за тоа, се зборува дека е можно следната есен со новата сезона на грипот да растат повторно пиковите, бројките, дека може да трае и цела зима. Затоа треба да се искористи првата можност штом спласне кризата, тоа е одговорно пред граѓаните и државата, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев во гостувањето на Телевизија 24.

Во таква ситуација, додаде претседателот Заев, можеме да го загрозиме здравјето на граѓаните и дополнително да се доведеме и во уставна криза затоа што четитигодишниот мандат на пратениците завршува во декември оваа година. Ние сме без политичка Влада и без функционално Собрание а на граѓаните и на државата им требаат функцинални институции, додаде Заев.

„Комплетните уставни рокови на 4 години мандат на пратениците истекуваат на 11 Декември тогаш влегуваме во комплетно уставна криза која што Уставот не ја разработил освен во воена состојба, не во вонредна состојба.Затоа нашиот став најбрзиот можен период на олабавена здравствена криза на Коронавирусот треба да се оди на избори. Тоа е насекаде дебатата во светот, еве и Србија ја гледаме дека оди на избори, премиерот Пленковиќ во Хрватска предложи некој датум. Но, кај нас, за разлика од сите дргуи земји, има две причини повеќе, ние сме без парламент и ние немаме политичка Влада, имаме техничка Влада.“ потенцираше Заев.

Во однос на изборниот процес претседателот Заев истакна дека изборниот процес е замрзнат и дека треба да продолжи од таму каде е застанат.

„Самиот процес е замрзнат каде што е застанат, во самото замрзнување на процесите кандидатските листи се поднесени, гласачите од дијаспората се заокружени, други постапки се заокружени. Во делот на ревизијата на избирачкиот список, таа е прекината скратените рокови кои што Уставот и Законот ги даваат се триесетина дена. Затоа се обраќам и до претседателот на ДИК, може да бидеме со различни интереси но мора да преовлада интересот на државата. И од ОДИХР имаме потврда дека се подготвени да испратат мисии. Дефинитивно она кое што треба да преовлада е интересот на државата, дали ќе ја ставиме во ризик државата и да влезе во уставни проблеми од кои што нема решение или навистина ќе бидеме одговорни и ќе го прифатиме првиот можен рок, а тоа сметам дека е средината на јуни“ посочи претседателот Заев.

Почетокот на јули, додаде Заев е доцна, нам ни требаат избори во првиот можен рок и поради економијата. Тоа е втора причина плус, за да не се доведеме економијата да ја опоравуваме неколку месеци, а потоа повторно да ја загрозиме економијата, а бизнисот да го оптовариме со избори, тоа е неодговорно. Ова се издржани аргументи и во интерес на граѓаните и државата треба сите партии да размислуваат, додаде претседателот Зоран Заев.