17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(ВИДЕО) Зоран Заев: Анкетите уште пред кризата покажуваа дека СДСМ води со пет проценти, сега разликата е уште поголема

„Анкетите уште пред корона кризата покажуваат дека Коалицијата предводена од СДСМ води со пет проценти наспроти ВМРО-ДПМНЕ, сега рејтингот е пораснат и тоа е тренд за сите влади коишто успешно се справија со корона кризата“, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев во вечерашното гостување на ТВ 24.

Тој оцени дека рејтингот на неговата партија е значително зголемен затоа што оценката е дека Владата што ја предводи СДСМ успешно се справува со здравствената, но и со економската криза.

„И затоа јасно е дека опозицијата бега од избори, а факт е дека има доволно време и да ги претставиме програмите, и да се подготвиме за избори. Мицкоски не треба толку да биде оптеретен, власти доаѓаат, си заминуваат, да ги оставиме граѓаните да одлучат“, порача Заев.