10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZТОП ВЕСТИ

Сузана Турунџиева по смртта на Драган Вучиќ: Кога не ве биваше да кажете некој убав збор за време на неговиот живот, немојте ни сега

Денеска на инфективната клиника почина легендарниот водител Драган Вучиќ од коронавирус.

Македонските јавни личности и неговите пријатели се збогуваат од водителот на социјалните мрежи.

Водителката Сузана Турунџиева испрати и порака до сите ониие кои правеа шеги на сметка на водителот, а сега, по неговата смрт, пишуваат само пофални зборови за него.

-Неизмерна е загубата кога некој, кој е во своите најдобри години починува, башка создал ненадминливи музички и авторски дела… Драгане, нека ти е вечна слава и благодарам за песните кои ни ги остави… Денес, сонцето зајде за твоето семејство, а ангелите те носат високо во небесниот бескрај…

А за јавноста и устите (со чест на исклучоци) гладни за сеир и чешит: Аман немојте! Кога не ве биваше да кажете некој убав збор за време на неговиот живот, немојте ни сега… воздржете се…- напиша Турунџиева.

https://www.facebook.com/suzana.turundzieva/posts/10223028371882358

Спонзорирано: