Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Училиштето за деца и младинци со оштетен вид “Димитар Влахов“ најде начин да ги држи активни своите ученици

Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид “Димитар Влахов”, лоцирано во општината Кисела Вода, и во овој период, кога цел свет се соочува со предизвиците кои ги носи корона вирусот, најде начин да ги држи активни своите ученици. Специјалните едукатори и рехабилитатори Марија Србиноска и Мери С. Јовановска, изработија мотивациски календар за учениците од ова училиште, кој нуди совети и ангажмани за секој ден од месецот.

Насловен “Започни со тоа што е задолжително, потоa направи го тоа што е можно и одеднаш го правиш невозможното”, календарот нуди 31 активност преку кои, како што се вели, ќе се сочуваме себеси и останатите. Покрај ова, овие специјални едукатори и рехабилитатори, заедно со учениците од ДУРМДОВ “Димитар Влахов”, изработија и видео во кое учениците раскажуваат како ги минуваат деновиве во кои ги почитуваат Владините препораки- да се седи дома и да се биде безбеден и за себе и за околината.

 

.

Можеби ќе ве интересира

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

ДЕСК

Билатерални средби на претседателот Гаши на маргините на 152. Собрание на ИПУ во Истанбул

ДЕСК

Филков се сретна со граѓански организации за реформите во изборното законодавство

ДЕСК