Centar.mk
БИЗНИСТЕМА

Рестораните и кафичите наскоро се отвараат – Како ќе изгледа тоа?

Во првата половина на мај се очекува да почнат подготовките за постепено отворање на угостителските објекти.

Првите согледувања се дека граѓаните би можеле да пијат кафе само на летните тераси во кафе баровите и ресторантите барем некое време.

Некои од идеите кои веќе се практикуваат во регионот се и дека капацитетите ќе мора да бидат ограничени, односно да биде запазено растојанието од 2 метри меѓу масите, а притоа на една маса да може да седат 2-3 гости.

Може да се наложи и користење на чаши само за еднократна употреба, а плаќањето да се врши само со платежни дебитни или кредитни картички.

Во Србија сето ова е регулирано притоа масите да бидат одалечени на 1,5 метри една од друга, а да има најмногу два-три гости на една маса, а кафебаровите да работат на отворено. Во Словенија пак има слични предуслови, но таму на една маса може да седат само луѓе од исто семејство.

Носењето на заштитна маска е задолжително, само во затворени простории како банки, продавници, бутици, но не и на отворен простор каде што може да се оддржи растојание од 2 метри.

Можеби ќе ве интересира

Започнуваат ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 и САЕМОТ ЗА НЕДВИЖНОСТИ 2026 од 29 до 31 октомври

ДЕСК

Македонија ја претстави 20-годишната стратегија за минерални суровини во Загреб – договорена соработка за геотермална енергија

ДЕСК

Серафимовски: Очекуваме просечната откупна цена на тутунот да надмине 420 денари за килограм

ДЕСК