Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Рането 19-годишно момче, приведени четири лица од Гостивар

Четири лица се приведени во Гостивар, откако било повредено 19-годишно момче со воздушна пушка. Како што информира полицијата, вчера во 17.25 часот во СВР Тетово од Ургентниот центар Гостивар било пријавено дека кај нив бил донесен повреден од огнено оружје Н.А.(19) од Гостивар.

Од полициски службеници било излезено на местото на настанот и бил извршен разговор со Ѓ.Т.(21) од Гостивар, според кој околу 17.00 часот во с.Сретково, додека Ѓ.Т. и Н.А. се движеле, Н.А. во еден момент почувствувал болка од десната страна и забележал дека е повреден. Во врска со настанот биле приведени Ѓ.Т., М.Х.(22), Ф.И.(20) и М.Т.(20), сите од Гостивар, а од Ѓ.Т. била одземена воздушна пушка „гамо“. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО СКОПЈЕ: Заталкано зрно оштетило предмет во двор

ДЕСК

МАЈКА ПРИЈАВИЛА НАПАД ВРЗ СВОЈОТ СИН: Инцидент на игралиште во штипско

ДЕСК

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО КУМАНОВСКО: Мопедист пренесен во болница

ДЕСК