Centar.mk
БИЗНИС

Петров: Нови 8 милиони евра обезбедени за бизнисите

„Економски мерки на Владата, предводена од СДСМ, за справување со кризата од КОВИД-19 имаат единствена цел – да се спасат што повеќе работни места, да се помогне на што повеќе граѓани и заеднички да ја пребродиме економската криза предизвикана од коронавирусот“, вели денеска Коста Петров, потпретседател на СДСМ.

„Со таа цел, Владата вчера го објави новиот пакет на бескаматни кредити, КОВИД 2 линија на Развојна банка, со која на сите микро, мали и средни компании ќе им бидат ставени на располагање 8 милиони евра обезбедени преку компензационите фондови од Јапонија. Компаниите може да аплицираат за овој кредит, веќе од 29 април“, посочува Петров.

Можеби ќе ве интересира

29.990 ДОЛАРИ ЗА ВОЗИЛОТО, УШТЕ 299 МЕСЕЧНО – Tesla отвори ограничени нарачки за Cybercab

ДЕСК

NASDAQ ЗАВРШИ ВО МИНУС, DOW ОСТАНА ВО ПЛУС – Технологијата го повлече Волстрит во петокот

ДЕСК

БРЕНТОТ НА 95,84 ДОЛАРИ, АМЕРИКАНСКИОТ ГАС ПАДНА – Како енергенсите ја завршија неделата?

ДЕСК