Семејството Заеви покажува вистински пример за солидарност и општествена одговорност во овој тежок период кога сите се соочуваат со последиците од коронакризата.
Нови 1.000 хуманитарни пакети со основни продукти за социјално загрозени граѓани во општината со најмногу заболени граѓани-Куманово достави денеска семејството Заеви преку општинскиот кризен штаб.
Според нашите информации досега се поделени над 6.000 вакви хуманитарни пакети до повеќе општински кризни штабови во државава, кои понатаму, преку волонтерите се доставуваат до граѓаните на кои помошта им е неопходна.
Во општина Струмица веќе се поделени 1.400 пакети, во населените места на територијата на Скопје околу 2.000 хуманитарни пакети, 700 во Куманово и Дебар а останатите во Струга и Центар Жупа.
Делењето на помошта се спроведува на соодветен начин, од страна на општинските кризни штабови, преку своите волонтери согласно мерките и препораките за заштита. Тоа е исклучително важно.
Како што објави нашиот медиум, една компанија на семејството Заев донирала опрема за здравствените установи во вредност од 100.000 евра а редовно се донираат скафандери за болницата во Струмица, но и за болниците во регионот. Оваа помош е предадена на Министерството за здравство како надлежна институција.
Во време кога сите се посветени на борба против здравствените и економски последици од коронакризата, семејството Заеви на вистински начин и во пракса дава одличен пример на меѓусебно помагање и поддршка.