Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Вечерва се огласи МВР по апсењето на момче со куче

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди презема мерки и активности за утврдување на законитоста на постапувањето на полициските службеници во случајот кога неколку полициски службеници преземаат мерки за лишување од слобода на лице кое е затекнато надвор од својот дом со својот миленик за време на ограничувањето на движењето на граѓаните, а за што во текот на денот на социјалната мрежа Фејсбук се споделува видео од настанот.

Во текот на утрешниот ден, јавноста ќе биде соодветно информирана за исходот од проверките Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди и во иднина ќе презема мерки за соодветно расчистување на сите случаи во кои постои сомневање дека постапувањето на полициските службеници е спротивно на законот.

Можеби ќе ве интересира

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +

Утре променливо облачно и релативно топло

C +

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК