Centar.mk
фото (c) ЈС / Не е дозволено превземање
МАКЕДОНИЈА

Битолчанка останала без пари и накит – Познатата измамничка шема и натаму актуелна, повозрасните да внимаваат!

На 09.03.2026 во 15:50 часот во СВР Битола, 80-годишна битолчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 150.000 денари, 150 евра, 1.300 австралиски долари, како и златен накит.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и ја известило дека нејзината ќерка била повредена во сообраќајна несреќа, при што требало да се направи итна операција, за која требало да се плати.

Како што е пријавено, откако се договориле, ги дала парите на лице позади зградата во која живее, а подоцна сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Можеби ќе ве интересира

Смени и освежување во ВМРО ДПМНЕ: Избрани 30 нови претседатели на општински комитети, познати се имињата

ДЕСК

Нова ера за македонското здравство: Три клинички болници и здравствен комплекс вреден 1,5 милијарди евра

ДЕСК

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК