Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Филипче: Презедовме мерки какви што никој во регионот не презеде, или ги презедоа подоцна

– Имавме предизвик со еден непознат вирус. Го следевме тоа што ни доаѓаше од Кина, или од другите земји, рече министерот за здравство Венко Филипче при наеговото денешно обраќање.

– Презедовме мерки какви што никој во регионот не презеде, или ги презедоа подоцна

Ги организиравме институциите мултисекторски, и беше добро што почнавме рано.

После првиот идентификуван случај на крајот на февруари, превентицните мерки се пренесоа во мерки и протоколи во болниците каде што веќе беа подготвени капацитетите за да се активираат во оваа фаза.

Поставивме и мобилна болница и на тој начин двојно го зголемивме бројот на кревети во Клиниката за инфективни болести.

Сите превентивни мерки ги презедовме, како и дополнителните како надградба во смисла на рестрикции на движењето, на затворање на објектите од јавен карактер, обезбеди да не се рашири експоненцијалното ширење на вирусот.

Така воспоставивме контрола и максимално искористување на капацитетите во болниците. Дури и денеска ние не сме ги пополниле капацитетите во секоја одделна болница во Скопје и во сите други градови, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Владата донесе одлука до Собранието да го достави предлогот Ненад Савевски за нов државен јавен обвинител

ДЕСК

Битолчанка останала без пари и накит – Познатата измамничка шема и натаму актуелна, повозрасните да внимаваат!

ДЕСК

Мицкоски: Инфлацијата се спушти под 3%, треба да сториме сѐ што е во наша моќ да ја одржиме ценовната стабилност

ДЕСК