6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Оваа година, Велики Петок, наместо во храмовите го прославуваме дома, во кругот на семејството

Фејсбук статус на лидерот на СДСМ, Зоран Заев:

Оваа година, Велики Петок, наместо во храмовите го прославуваме дома, во кругот на семејството.

Да го поминеме во тихување и подготовка за да ја дочекаме вечната недела на Воскресението. Нека продрат во нашите срца зраците на надежта и новиот живот и подвигот што го правиме на дело. Во нашата реалност со секојдневната борба со смртоносниот вирус, да ја прославиме победата над смртта.

Да ја чуваме надежта дека празникот на Воскресението Христово трае во продолжение од 40 дена. И дека во деновите на Вознесението оваа кризна состојба ќе биде надмината и ќе се вратат деновите кога ќе можеме да се собереме во нашите храмови и заедно да се израдуваме на Христовото Воскресение.

Додека да стигне таа очекувана вест – останете дома и со кругот на семејството дочекајте ја радоста на третиот ден, денот Велигден.

Спонзорирано: