Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Зоран Заев втор пат тестиран – негативен на коронавирус

Денеска, согласно здравствените протоколи ми беше направен и втор тест за присуство на коронавирусот кој исто како и првиот тест е негативен, информираше лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

– Им благодарам на сите за поддршката и во исто време упатувам поддршка со желба за брзо оздравување на градоначалникот на Куманово Димитриевски и на сите граѓани кои се справуваат со вирусот.

Се надевам дека премиерот и министрите ќе имаат негативни тестови.

Овој вирус покажа дека е непредвидлив и дека е сериозна закана по здравјето на секој од нас.
Затоа делуваме брзо, но многу е важно сите до еден целосно да ги почитуваме мерките и препораките.
Да останеме дома, да внимаваме многу повеќе на нашата хигиена, да држиме дистанца од 2 метри, да се заштитиме а со тоа да ги заштитиме и другите.
Секој што ги почитува мерките спасува здравје и живот.

Само со заеднички придонес, полесно и побрзо ќе ја добиеме оваа битка против невидливиот непријател, рече Заев.

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК