23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Лукаревска на Телма: До крајот на март има 950 отпуштања, владините мерки даваат шанса сите да останат на работа

„Не верувам дека ќе има  тренд на зголемување на отпуштањата. Секој оној кој сака да помогне во стопанството не смее да ги отпушти работник. Со владините мерки им се дава шанса на газдите секој вработен да остане на своето работно место. Тие најави дека имало 15 000 отпуштени не се точни. Извадивме податок за до крајот на март и имаше околу 950 отпуштени работници, но тоа не значи дека сите тие се резултат на оваа криза, ќе видиме што ќе покаже април. Ние имаме податоци и можеме да ги црпиме и да ја направиме целосната слика за да знаеме каде да алармираме, каде да бајпасираме.“- изјави Сања Лукаревска, директорката на УЈП и член на Извршниот комитет на СДСМ, во емисијата „Вин вин“ на телевизија Телма.  
Таа пренесе позитивно искуство од владините економски мерки затоа што биле препознаени од стопанствениците и од работниците.

„Владините уредби кои се носат во овој период позитивно делуваат на компаниите, пред се затоа што имаат даночни олеснувања. Сега сопствениците имаат прилика наместо дел од парие да ги дадат за данок да ги пренасочат за плати на работниците“- изјави Лукаревска.