Centar.mk
БИЗНИС

Азески: Државата ќе работи на спасување на работните места и компаниите

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија за „Топ Тема“ на ТВ „Телма“ изјави дека со економските мерки кои што ги спроведува владата поради ситуацијата со коронавирусот државата ќе застане зад компаниите и ќе работи за нивно спасување,како и на работните места.

– Мерките мора да се гледаат во целина, ако се гледаат поединечно тогаш се губи целиот концепт. Мислам дека Владата нема смелост до крај да ги објави тие мерки до кога би траеле, бидејќи никој не може да предвиди до кога ќе трае кризата. И во најразвиените земји немаше процена за состојбите како ќе ескалираат. Затоа на почетокот на преговорите кога седнавме и сфативме дека мора да преземаме мерки, бевме со различни позиции. Се мислеше дека ќе биде мала интервенцијата, со малку пари. Ние според она што го знаевме посочивме дека тоа ќе потрае подолго, дека ќе бидат потребни повеќе пари. Тоа усогласување траеше доста време но мислам дека полека ставовите се доближуваа. Ние бараме транспарентно да се објави целиот пакет мерки, за да можат стопанските субјекти да разберат дека државата сепак ќе застане зад нив и ќе работи на спасување на работните места и компаниите, вели Азески.

Можеби ќе ве интересира

За креатори, од креатори: Самсунг (Samsung) професионален APV кодек поддржан на Galaxy S26 Ultra

ДЕСК

Извозот на ИКТ услуги од Македонија надмина 676 милиони евра во 2025 година

ДЕСК

ОКТА започнува иницијатива за поддршка на потрошувачите, по дополнителните количини гориво набавени преку продуктоводот ВАРДАКС

C +