Пратеникот и претседател на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам (63), деновиве во домашна атмосфера закрепнува по ампутацијата на ногата.
–-Шеќерот си го направи своето, ми беше ампутирана десната нога, до колено. Се чувствувам добро сега, дома сум, моето големо семејство е покрај мене, сите се грижат за мене и ми годи нивното внимание и љубов, рекол Бајрам.
Амди Бајрам на политичката сцена е присутен од 1991 година и до сега бил во коалиција со сите партии на власт.