Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Предмалку слета авион полн со македонски граѓани од Стокхолм, Копенхаген и Ајнховен

Министерството за надворешни работи информира дека денес беше организиран лет за репатријација на вкупно 125 македонски граѓани затекнати во Шведска, Данска и Холандија.

Авионот слетал вечерва велат информациите на Centar.mk.

– Репатрирањето беше реализирано во организација на нашите амбасади во Стокхолм, Копенхаген и Хаг, а во тесна соработка со генералниот секретаријат на Владата, МВР и Министерството за здравство.

Упатуваме благодарност до колегите од амбасадите на Шведска, Данска, Норвешка и Холандија за кооперативноста при репатрирањето на 27 странски државјани на летот од Скопје кон денешните дестинации, како и на надлежните институции на овие држави кои помогнаа во репатријацијата на нашите граѓаните.

Продолжува успешната соработка и со надлежните власти на САД и Австралија во непреченото враќање на нашите граѓани затекнати на другите континенти, велат од МНР.

Можеби ќе ве интересира

ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Дожд и невреме пред доаѓањето на студени утра

ДЕСК

Се степаа две жени во продавница во Скопје

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО КУМАНОВО: Влегле со сила и одзеле предмети, приведени од полицијата

ДЕСК