Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Скопјанец починал трчајќи на кеј

Телевизија 21ТВ објави дека двајца скопјани починале денеска, едниот на кејот на Вардар, другиот на пазарот во Чаир.

Станува збор за едно лице на кејот на реката Вардар утрово во 9:50 часот, човек кој трчал се струполил и паднал. Констатирана е смрт од страна на лекар, додека надлежните отвориле и истрага за случајот..

На пазарот во Чаир претпладнево постар човек починал. Телото е предадено на семејството.

МВР потврди дека во затворот „Скопје“, рано утринава во 4:10 е пронајден мртов 47-годишен притвореник од Ресен. Телото било предадено на обдукција.

Засега ниту еден не се поврзува со заболување на Ковид-19.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Уплашена власт – со ситни игранки не дозволи опозициски пратенички прашања во Собранието

ДЕСК

Делегација на Врховниот уставен суд на Египет во билатерална посета на Уставниот суд

ДЕСК

Започна дводневната работилница за изработка на Националната стратегија за интеркултурализам и општествена кохезија 2027–2032

ДЕСК