Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Вонредна вест – Предмалку почина родилка од коронавирус која имаше само 27 години

Со големо жалење информирам дека предмалку почина родилката позитивна на Ковид-19 од Куманово на 27 години. Таа на 30 март на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје роди недоносено машко новореденче, негативно на вирусот, информираше предмалку министерот за здравство Венко Филипче

Родилката беше префрлена на Инфективната клиника на 31 март поради влошена клиничката слика и отежнато дишење. И покрај напорите на лекарите, брзиот и агресивен развој на болеста беше фатален.

Клиниката за гинкеологија и акушерство информира дека бебето е во добра состојба, се уште е на интензивна нега и под постојан надзор на тимот од клиниката, вели Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Дрвошанов: Нови енергетски проекти, решение за професионалните војници и модернизација на здравството

ДЕСК

Клековски: Со низа активности за подигнување на свесноста и превенцијата, заедно со Клиниката за неврологија работиме на спасување што повеќе животи и намалување на попреченоста од мозочен удар

ДЕСК

Петрушевски: Борци за сиромашните на говорница, а буржуи во пракса, така изгледа класната борба на Апасиев и Левица

ДЕСК