Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Најнова вест: Притвор за двајцата насилници кои претепаа девојка и го снимија чинот

Одредена е мерка притвор за двајцата насилници од кои вчера целата македонска јавност беше згрозена. Санкции мора да има, информираше предмалку Славјанка Петровска, дополнителен заменик министер за внатрешни работи.

Вчера на интернет се појави видео каде момчиња вербално и физички брутално напаѓаат девојка со клоци и тупаници и ја ставаат во ќош, додека таа моли да биде пуштена, а во меѓувреме тврди дека е бремена.

Видеото наиде на многу остри критики и осуда во јавноста, а прилично брзо реагираа и институциите, со оглед дека веднаш осомничените лица беа приведени во полициска станица, а денес им е одреден притвор.

Инаку видеото било снимено пред 2 месеци, а 21 годишната девојка која заработила повреди тогаш не пријавила во полиција.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив еден без дозвола управувал возило кое го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото

ДЕСК

Пронајден возачот кои удри во малолетничка и избега, следува кривична пријава

ДЕСК

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК