Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

УХМР издаде метео предупредување: Какво ќе биде времето цела недела?

Денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините врнежи од снег. Под влијание на влажен и студен воздушен бран утре ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат обилни (над 25 л/м2). На планините врнежите ќе се од снег. Температурите преку денот нема многу да се покачат и ќе се за 8 до 10 степени пониски од денешните. Во текот на денот врнежите ќе преминуваат од дожд во снег и во некои пониски места и ќе се формира тенка снежна покривка. Во четврток и петок ќе биде стабилно со минимални температури во поголемиот дел од земјава под нулата.

Прогноза за 02.04.2020
Минимална температура: -5°C до 2°C
Максимална температура: 4°С до 10°C
Сончево со мала до умерена облачност и со ниски утрински температури. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 03.04.2020
Минимална температура: -6°C до 2°C
Максимална температура: 7°C до 14°C
Сончево со умерена облачност и со ниски утрински температури. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 04.04.2020
Минимална температура: -3°C до 4°C
Максимална температура: 9°C до 14°C
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец.