ВМРО-ДПМНЕ и натаму не попушта и не се откажува од 1,1 милион евра кои на партијата законски и следат согласно државното, годишно финансирање на политичките партии. Поточно, партијата на Христијан Мицкоски за тековната 2020 година има милион и 25 илјади евра како партија и уште 91 илјада евра за нивниот партиски центар за аналитика и истражување. Тоа се вкупно 1.116,000 евра, пишува Локално.мк.
Зошто сепак тоа е така? Од една страна Мицкоски во јавноста пласира сет економски мерки со кои е уверен дека лесно ќе се преброди економската криза, која е веќе започната, а чии последици ќе потраат, и ја повикува Владата да ги прифати тие мерки. Од друга страна, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не планира неговата партија да учесвствува во процесот на солидарност и хуманост и да се откаже од финансиите, кои практично се пари на граѓаните од државниот буџет.
Со повиците Владата да ги прифати предлог мерките на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски сака да изгради впечаток во јавноста дека СДСМ е неодговорна и дека нема стратегија како да се справи со економската криза. „Провејува“ во јавноста дека Мицкоски е загрижен за економијата, а при тоа заборава дека со неоткажувањето од државните пари застанува против тоа што се залага.
Дали водејќи сметка за партиската каса, а не за заедничката борба против коронавирусот, на површина на Мицкоски ќе исплива неговата нечесност и неетичност, останува јавноста да суди.
Во период во кој Владата се обидува на сите можни начини полесно да се надмине кризата со вирусот, а паралелно на тоа носи и економски мерки, вклучува донатори и обезбедува пари за набавки на опрема, опозициската партија неосновано критикикува во намера политички да профитира, а при тоа не го прави основното – не се откажува од парите на граѓаните за да им помогне на истите.
Ова е време во кое целиот свет се обединува врз солидарна и хумана димензија, кога здравствените системи на светските сили се немоќни лесно да се справат со налетот на вирусот, време во кое помошта и заедништвото ќе стануваат се поголеми вредности и конечно ВМРО-ДПМНЕ треба да го „фати тој воз“.
ВМРО-ДПМНЕ треба да престане со политиката да блокира секогаш кога државата е исправена пред тежок предизвик или кога е во ситуација да надмине крупно стратешко прашање, клучно за иднината на граѓаните. Најмалку тоа треба да гоправи сега кога државата е соочена со светската здравствена криза и кога сите капацитети се насочени кон справување со коронавирусот, пишува порталот.