Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници дека од петок 27.03.2020 година го продолжува работното време од 08:00 до 14:00 часот во Регионални дирекции/одделенија/шалтери.
Причина за оваа одлука на Управата за јавни приходи во услови кога во земјата е прогласена вонредна состојба поради Корона вирусот COVID-19, е да им излезе во пресрет на сите оние обврзници кои се најпогодени од последиците од Корона вирусот COVID-19 и на кои им е потребно уверение за платени даноци и придонеси што ќе им послужи пред Развојната Банка на Северна Македонија.
Управата за јавни приходи ги советува и упатува апел до даночните обврзници наместо да доаѓаат лично во Управата за јавни приходи да го поднесат барањето за издавање на Уверение преку системот е-Даноци.
Во прилог е и листата на дејности кои може да аплицираат за кредитната линија на Развојната Банка на Северна Македонија.
| Шифра | Назив |
| 49.10 | Патнички железнички транспорт, меѓуградски |
| 49.41 | Товарен патен транспорт |
| 52.21 | Услужни дејности поврзани со копнениот превоз |
| 52.24 | Претовар на товар |
| 52.29 | Останати придружни дејности во превозот |
| 55.1 | Хотели и слични објекти за сместување |
| 55.10 | Хотели и слични објекти за сместување |
| 55.2 | Одморалишта и останати објекти за пократок престој |
| 56.1 | Ресторани и останати објекти за подготовка и послужување на xрана |
| 56.10 | Ресторани и останати објекти за подготовка и послужување на xрана |
| 56.29 | Останати услуги за подготвување и служење на xрана |
| 56.3 | Подготовка и послужување на пијалаци |
| 79.1 | Дејности на туристичките агенции и организаторите на патувања (туроператори) |
| 79.11 | Дејности на туристичките агенции |
| 79.12 | Дејности на организаторите на патувања (туроператорите) |


