Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Тиго Фајнанс воведува олеснувања на условите за отплата на кредитите за своите клиенти

Тиго Фајнанс активно ги следи случувањата и мерките поврзани со појавата на Корона вирусот во нашата земја и активно ги применува  препораките за справување со ситуацијата.

Оттаму, имајќи го предвид економското влијание на оваа специфична ситуација за граѓаните, со цел полесно справување со предизвиците за клиентите, Тиго Фајнанс воведува две нови привремени услуги кои ќе им бидат на располагање на граѓаните кои се соочуваат со потешкотии со отплатата на својот кредит во Тиго.

Имено, веќе од денес, Тиго повеќе од двојно ја намалува цената за услугата за 30—дневно одложување на отплатата на кредитот, а истата е валидна за сите постојни и нови клиенти кои ќе ја одберат оваа опција.

Дополнително, наскоро на сите постојни и нови клиенти ќе им биде понудена и нова опција за одложено плаќање до 60 дена по поволни услови, што на клиентите ќе им даде можност да располагаат со средства  во најпотребните моменти.

„Со воведувањето на овие поволности, Тиго Фајнанс ја покажува својата подготвеност да ја понуди неопходната поддршка за граѓаните во оваа специфична ситуација која го засега секој поединец во нашата земја. Со оваа постапка, која и покрај тоа што е далеку од поволна за нашето деловно работење, повторно ги ставаме потребите на нашите клиенти на прво место, верувајќи дека така ќе им овозможиме полесно да се справат со финансиските потешкотии со кои се соочуваат во овие околности“ – изјави Филип Димитровски, Главен извршен директор на Тиго Фајнанс.

Право на користење на овие привремени олеснувања имаат сите клиенти на Тиго, а истото можат да го направат на многу едноставен начин, преку уплата на износот на услугата за продолжување на рокот за отплата на кредитот во некоја од филијалите на Тиго или преку банкарска сметка.

Клиентите кои ќе се одлучат да ги користат овие поволности во филијалите на Тиго, пред сѐ е неопходно да се придржуваат кон мерките и препораките за намалување на ризиците од ширењето на вирусот и да ги имаат предвид информациите достапни на следниот линк – https://www.tigo.mk/noviteti

Тиго Фајнанс е едно од друштвата основачи и член на Асоцијацијата на финансиски друштва на Северна Македонија, чии цели се заштита и едукација на правата на клиентите, како и регулација и развој на финтек индустријата

Повеќе информации за овие поволности за клиентите се достапни на следниот линк https://www.tigo.mk/info/prodoluzvanje-otplata или на телефонскиот број 13 700.