Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Врнежи од снег на Стража, Плетвар, Ѓавато, во Маврово и Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Стража, Кула, Плетвар, Ѓавато, Маврово, П.Шапка, Пресека, ГП Делчево и Крива Капалнка – г.п. Деве Баир.

За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие коишто ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕА, ФОТО) СПОРЕДБА: ПРЕД ДВА МЕСЕЦИ И ДЕНЕС – Дали Преспанското има шанси да се врати?

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ДРАСТИЧЕН ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ И ДО -10 СТЕПЕНИ: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Хорор во Македонија: Силувано и уценувано малолетно девојче, а потоа едниот и барал 20.000 евра за да не се објават ексциплитни фотографии

ДЕСК