Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Државата ќе одвои 1 милион евра за евакуација на затечените граѓани во Дубаи, Доха и Израел

– Безбедноста на македонските граѓани е највисок приоритет на Владата. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и понатаму пристапува одговорно, координирано и темелно во спроведувањето на сите активности поврзани со евакуацијата на граѓаните од погодените подрачја, соопшти МНР.

– Во таа насока, ја информираме јавноста дека, согласно заклучок на Владата, е започната постапка за јавна набавка за организација на чартер-летови со цел обезбедување безбедна евакуација.

Имајќи ја предвид итноста и фактот дека безбедносната состојба тековно се менува, постапката ќе се спроведе согласно Законот за јавни набавки, со примена на скратени рокови предвидени за вакви ситуации.

За реализација на оваа услуга се предвидени средства во износ до 60 милиони денари, обезбедени во Буџетот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Во зависност од конечниот број на пријавени македонски државјани и бројот на чартер-летови што ќе се реализираат, можно е да биде искористен само дел од предвидениот износ, велат од МНР.

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕСКА СЕ ОЧЕКУВА ЕВРОПСКИОТ ИЗВЕШТАЈ – Марта Кос ќе ги претстави оценките за напредокот на Македонија

ДЕСК

МАЛОЛЕТНИК НАПАДНАТ КАЈ „БИЗНИС ЦЕНТАРОТ“ ВО ПРИЛЕП – Таткото го пријавил случајот

ДЕСК

Пронајдена марихуана при претрес во Прилеп, лишено од слобода едно лице

ДЕСК