Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Студено и ветровито време со врнежи од снег и дожд

Времето денеска ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи претежно од снег, информира УХМР.

Најобилни врнежи се очекуваат во источните делови. Ќе дува умерен, а по должина на Повардарието засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5 степени.

Во Скопје облачно со повремен снег и со умерен до засилен северен ветер.
Максималната температура ќе достигне 3 степени.

Снежна покривка од 11 сантиметри има во Маврови Анови, 9 сантиметри Пожаране, 8 Лазарополе, 5 Тетово, 4 К.Паланка, 3 Куманово, Ѓуриште, 2 Крушево, Берово.

Најстудено е во Маврово каде утринава се измерени -6 степени, потоа -4 Лазарополе и Крушево, -2 К.Паланка, -1 Скопје Зајчев Рид, Куманово, Тетово, Штип, Берово, 0 Скопје Петровец, Битола, Прилеп, Виница, 1 Охрид, 2 Струмица, Д.Капија, Дојран, 3 Гевгелија, 4 Претор.

Можеби ќе ве интересира

Променливо облачно време со температура од 11 до 18 степени

C +

СДСМ: Владата избра луксуз за себе наместо покачување на платите на работниците

C +

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +