Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Подгответе се: Следува драматична промена на времето

Во недела нашето подрачје ќе потпадне под влијание на влажен бран што ќе предизвика наоблачување, попладне со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. Кон крајот на денот ќе почне да дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови значително заладување и врнежи од снег на планините и на повисоките места каде ќе се формира снежна покривка.

Во понеделник и вторник времето ќе биде претежно облачно, студено и ветровито со врнежи кои ќе преминат во снег и на некои пониски места. Дневните температури значително ќе опаднат, за 10 до 15 степени во однос на денешните.

Прогноза за 22.03.2020
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 11°С до 18°C
Променливо облачно, попладне со врнежи од дожд и со умерен до засилен северен ветер.

Прогноза за 23.03.2020
Минимална температура: 0°C до 5°C
Максимална температура: 2°C до 9°C
Претежно облачно и студено со повремени врнежи претежно од снег, на пониските места од дожд и снег. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Прогноза за 24.03.2020
Минимална температура: -3°C до 3°C
Максимална температура: 3°C до 9°C
Променливо облачно и студено со локални врнежи претежно од снег, на пониските места од дожд и снег.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК