Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Зоран Заев: Прво здравје и безбедни граѓани, после сѐ друго – ќе се издигнеме сплотени во маката!

„Прво здравје и безбедни граѓани, после сѐ друго – ќе се издигнеме сплотени во маката!

Во период кога Северна Македонија, регионот, Европа и светот се соочуваат со најголемиот здравствен предизвик во поновата светска историја, повеќе од јасно е дека условите не дозволуваат нормално спроведување на избори.

Затоа, во име на СДСМ, повикувам да се организира лидерска средба на претседателите на политичките партии на која ќе се разговара за одложување на изборите.

Сега не е време за политички противници. Сега имаме само еден противник – коронавирусот.

До граѓаните упатувам апел, да продолжиме како и досега да се однесуваме одговорно и зрело, затоа што се работи за нашето здравје, за здравјето на нашите најблиски.“ – изјави денеска претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Можеби ќе ве интересира

На денот кога Кошта го потврди СДСМ – Мицкоски го апси Богоев, вели СДСМ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Реципроцитет и исполнување на обврските на Бугарија а не нови отстапки, услови и национални понижувања како што нуди СДС и Филипче

ДЕСК

Пред невреме проверете го ова: Кров, олуци, автомобили, дворови и електрични уреди

ДЕСК